Гомез го напаѓа Лазаров во Келн

Со 68 постигнати голови на седумте настапи на Фајналфор во Келн, Кирил Лазаров е и натаму најдобриот стрелец во историјата на ЛШ, кога е во прашање завршниот турнир. 
Но, годинава можноста Ф4 да има нов крал на стрелците е голема. 
Крилото на Барса, Алеиш Гомез на само четири настапи на Фајналфор стигна до бројка од 58 постигнати голови, само 10 помалку од македонскиот голгетер. 
Дика Мем и Лука Циндриќ се играчите што се меѓу првите 15 стрелци, а ќе играат и викендов, но и обајцата имаат дури 24 гола помалку од Лазаров, па така оваа сезона не ги гледаме како опасност по рекордот на македонскиот ас. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk