Место во Загреб или Битола, заврши во Мешков Брест

Александар Шкрусинскиј беше еден од најдобрите руски бекови. Играше за Краснодар, па потоа за Мешков Брест каде се покажа во најдобро светло. 
Како еден од најдобрите, замина за францускиот Нант каде што кариерата му фати поинаков правец, а го диктираа повреди. Долго време беше надвор од теренот, па во двете години минати во Нант речиси ништо не видовме од него.

Летово беше актуелен на пазарот, се зборуваше дека е готова работа неговиот трансфер во ППД Загреб, дури и Е. Пелистер беше споменат, за на крајот да заврши одново во Мешков Брест. 
Потпиша двегодишен договор и таму ќе биде до 2025. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk