Почнува Ф4 Келн, каде да гледате?

Денеска почнува финалниот викенд во Лигата на шампионите и воопшто во сезоната 2023/24. Келн е главниот град на ракометот во јуни, а годинава таму се екипите на Магдебргу и Барса кои денеска ќе ги одмеруваат силите во 15:15 часот и ПСЖ и Келце кои го составуваат вториот полуфинален пар, а таа средба ќе се игра во 18:00 часот. 

Пренос од двете полуфинални средби денеска ќе има на ТВ Арена Спорт 2 Премиум. 

Бранител на пехарот е Барса. Каталонците дојдоа во Келн со мисија да освојат три по ред. Магдебург им стои на патот во полуфиналето. 
Единствената екипа што нема освоено шампионски пехар од актуелните учесници на Ф4 е екипата на ПСЖ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk