Раул доби мега засилување во Келн

Страстите уште не почнале да зовриваат, но тој момент се ближи. Утре во Келн почнува финалниот викенд во сезоната 2022/23. Сезона што ќе заврши со спуштање на завесата по Фајналфор турнирот и крунисувањето на новиот шампион во Ланксес Арена. 

Екипите се веќе стигнати во јунската ракометната престолнина, а една фотографија денеска ги крена на нозе фановите на Пари Сен Жермен.
Никола Карабатиќ е со тимот во Келн и тренира со полн интензитет. Раул Гонзалез го доби најголемото засилување што можеше да го има за дуелот со Келце кој е на програмата утре од 18:00 часот. 
Но, тренингот на Никола Карабатиќ не ги исполни со самодоверба Французите затоа што во составот најветројатно ќе го нема Елохим Пранди. 
Проблеми има и Келце. Лекарскиот тим се обидува да го врати на терен пикерот Артјом Каралек, а на повреда се жалеше и Олејничак. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk