-
15.06.2023
-
Вести, Планета ракомет
Европската ракометна федерација денеска ги објави фиксните 10 места и кандидатите за вајлд карта, а и нив ги има вкупно 10 од тие што ги минаа сите филтри и се во конкуренција за место во Лигата на шампионите.
По една година пауза во ЛШ, која неминовно негативно ќе се одрази во следните три сезони на ЛШ, Македонија одново има претставник во елитата.
Еурофарм Пелистер е потврден учесник во ЛШ, заедно со екипите на ГОГ, Барса, ПСЖ, Кил, Магдебург, Келце, Порто и Целје.
За другите шест места аплицираат 10 екипи, без изненадувања во тој поглед тоа се екипите на ППД Загреб, Динамо Букурешт, Кристијанштат, Колстад, Спортинг, Монпеље, Алборг, Пик Сегед, Висла Плоцк и Кадетен Шафхаузен.
Комплетниот спиосок на учесници ќе биде познат на 21 јуни, а на 27 јуни, битолчани ќе дознаат во која група од ЛШ ќе играат.
Поврзани вести