Топ Вести: Македонски тренер во Шведска, Потпис за Кил пред полна сала...

Македонскиот тренер Бобан Пашовски во следната сезона ќе води клуб од Шведска. Тој е назначен за прв тренер на женскиот клуб БХК или Борланге што се натпреварува во Дивизија 1 Север - трета по ранг лига во Шведска. 


Бобан Пашовски

Поранешниот ракометар на Вардар, Сергеј Горбок, следната сезона нема да биде на клупата на руската екипа Виктор. 

Ирина Дибирова, поранешен тренер на ЖРК Вардар и една од најпознатите руски ракометарки на времето, во наредната сезона ќе ја води екипата на Ростов Дон. 

Данскиот тренер Мартин Албертсен е нов тренер на финалистот на ЛШ, ФТЦ Ференцварош. Тој доаѓа на местото на Габор Елек со кого клубот по пауза од 21 години стигна до финалето на ЛШ. 

Шведскиот бек Ерик Јохансон потпиша продолжување на договорот со Кил до 2028 година. Тој имаше договор до јуни 2025, но клубот му понуди продолжување за нови три сезони. Договорот беше потпишан за време на прославата на шампионската титула, пред целиот тим и навивачите. 

Поранешниот играч на Е. Пелистер и Вардар, Хрватот Ловро Јотиќ, заминува од екипата на Лајпциг. Засега не се знае неговата следна дестинација. 

Женската репрезентацијата на Гренланд е победник во квалификациите што се играа во федерацијата на Северна Америка и Кариби. Тие ќе настапат на Светското првенство што во декември ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка. 


 

Поврзани вести