Тоше Ончев потпиша за Голден Арт

Сезоната во македонскиот шампионат, една од најинтересните досега е завршена, а веднаш по последното коло почнаа поактивно ротациите на играчите од еден во друг клуб. 
Во македонскиот шампионат сега има 16 екипи во кои барем во тие што се вон трката за Европа главно играат македонски ракометари.
Но, побарувачката за домашни играчи не е мала. Активни се неколку екипи кои менуваа во своите состави, првенствено Охрид, Е. Пелистер, Бутел... македонските играчи во моментов се приоритет, потоа очекуваме мини инвазија на странци. 

Голден арт денеска влезе во игра, тие потпишаа двегодишен договор со бекот Тоше Ончев. Овој ракометар откако минатата сезона од Словенија се врати во Македонија, во Охрид, имаше често пех со повреди и договорот му беше прекинат во текот на сезоната. Сега менува средина и ќе игра за скопскиот клуб кој во овој систем на натпреварување е стабилен суперлигаш. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk