Кил е нов шампион на Германија

По една сезона мината на тронот во Бундеслигата, Магдебург му го препушти местото на Кил. Ова е вкупно 23 шампионска титула за „зебрите“, а нивната доминација во последните 31 година низ бројки изгледа вака: 21 шампионска титула за нив, по две за Лемго, РНЛ и Магдебург, три за Флензбург и една за Хамбург.

Сезонава Кил долго време беше зад Берлин и Магдебург, но нерешениот меч со Мелзунген кон средината на април и поразот од Хановер во март спречија одбрана на титулата, а Берлин само во последните пет кола трипати беше поразен и тука заврши приказната. 

Кил и Магдебург ќе играат во Лигата на шампионите, Берлин има право да бара валјд карта, но тешко дека ќе ја добие. 
Берлин веројатно оди во Европската лига заедно со Флензбург и Рајн Некар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk