Освоија титула и згаснаа како клуб

Новиот шампион на Австрија, екипата на Вест Виен, славеше само една вечер. Утрото, немаше причини за славење, клубот престана да постои. 

Филмски крај имаше сезоната за Вест Виен(а), екипа што на истиот ден кога по точно 30 години одново стана шампион (вкупно шест пати), објави крај. Немаше јунак со длабок џеб за хепи-енд, но ракометарите го исполнија ветувањето.
Иако се знаеше дека клубот се повлекува од натпреварување поради финансиски причини, тие одиграа машки го крајот и станаа нови шампиони. Линц ќе ја претставува Австрија во групната фаза од ЛШ и ќе биде можен противник на Алкалоид. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk