T. Пролет најде замена за Аларов

Екипата на Тинекс Пролет имаше добра ракометна есен во Суперлигата во која го освои второто место. За плејоф сезоната, овој скопски клуб фати нов правец. Клубот ги прифати понудите на Вардар 1961 и Алкалоид за тројца нивни (условно, најдобри) играчи. Михаил Аларов и Томи Јагуриновски заминаа за Вардар, Иван Џонов се пресели во тимот на Алкалоид. За сите ракометари, Т, Пролет доби и отштета, затоа што не беа слободни играчи.

Сега клубот, за новата сезона бара алтернативни решенија. Засега успешно му зарши потрагата по пивот што ќе о замени Михаил Аларов. Одлуката е тоа да биде Филип Арсеновски. Тој е играч што во 2016 година како 17 годишно момче се приклучи на Металург кој во тоа време имаше разработен систем од Лино Червар. Беше дел од репрезентативните селекции во кадетска и јуниорска конкуренција. 

Потоа во 2020 замина во пакет со други играчи од Автокоманда во Битола, во вториот тим на Е. Пелистер. На почетокот на последната сезона замина во Швајцарија и играше за екипата на Амицитија. 
Сега се враќа во Скопје и ќе игр за Т. Пролет. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk