Утеха најдоа Нант и Спортинг

Неостварените резултатски желби во поглед на шампионскиот пехар и местото во Лигата на шампионите, екипите на Спортинг од Португалија и Нант од Франција ги компензираа во Куп натпреварите.

За волја на вистината, Спортинг сѐ уште не победил, денеска игра финале против Мадеира, но вчерашната победа над Порто се чини го даде конечниот одговор за Куп победник во Португалија.

Никола Митревски на полуфиналниот меч со Спортинг влезе по 13 минута кога Спортинг веќе водеше со шест гола разлика (13-7). Пресвртот на Порто почна со негова одбрана при резултат 11-16, по што следеше и исклучување на Кико Кошта, а Порто се врати резултатски во игра на 15-16.
Со интервенција на Митревски, беше растурена играта гол за гол по што Порто прв пат поведе 26-25, а потоа уште еднаш спаси израмнување при водство од 28-27. Македонскиот голман беше заменет на околу пет минути до крајот при резултат 31-31. 
Неговиот колгеа во заминување, Себастијан Франдсен бранеше до крајот на мечот што заврши по продолженија со резултат 39-38 за Спортинг. 

Во Париз, пак, во финалето на францускиот Куп, се сретнаа екипите на Нант и Монпеље. Оваа средба мина во знакот на Нант кој сезоната ја заврши на третото место, зад ПСЖ и Монпеље и во теорија може да бара место во ЛШ, но тешко дека и ќе го добие.
Утехата за Нант е победата од 39-33 над Монпеље во финалето и освоен победнички пехар. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk