-
10.06.2023
-
Планета ракомет
Втор брејк направи екипата на ГОГ во финалната пресметка со Алборг во мајсторката од плејоф-завршницата на шампионатот во Данска. ГОГ славеше 37-33 и ja одбрани шампионската титула, испраќајќи го Алборг меѓу апликантите за валјд карта за ЛШ.
Алборг секако ќе добие валјд карта. Не само затоа што таму се враќа Микел Хансен, а доаѓа и Никлас Ландин. Гледајќи го денешниот меч, полната сала, спортската култура на нивните навивачи и ракометари, техничката организација, ферплеј на теренот, начинот, стилот на игра, реално би било незаслужено кој било друг пред нив да добие покана за ЛШ.
Алборг има и соврешено алиби: Повредени играчи меѓу кои и Микел Хансен.
ГОГ е ракометното чудо. Не само што немаше пад во нивниот тим откако ги продадоа на пример Матијас Гидсел, Оскар Бергендал и Емил Јакобсен, туку се и уште подобри и извадија играчи како Симон Питлик, Емил Мадсен и Лукас Јоргенсен... Двајца одат во Флензбург, третиот го бара Кил. Доволно кажано.
Денеска Мадсен десно, Питлик лево и меѓу нив волшебникот Мортен Олсен го расипаа денот во Алборг. На спротивната страна, уште еден член на развојната академија, Мадс Хоксер делеше лекции. Постигна 10 гола, но противникот беше подобар.
Средбата беше решена на почетокот на вториот дел, кога од 16-19, ГОГ стигна со 19-16, потоа поведе и со пет, пест, седум гола разлика и ја одбрани умешно до крајот на средбата. Натпреварот беше во најголем дел уживање да се гледа, на крајот и епилогот е сосема реален.
Поврзани вести