Чаневски стана шампион на Израел!

Градимир Чаневски со екипата на Макаби Ришон Лезион е новиот првак на Израел. Во финалната серија во која играа против Хапоел Ашдод, со победа од 26-25 на петтиот натпревар, Макаби ја доби шампионската трка.
Градимир Чаневски на овој натпревар имаше 12 интервенции, а беше надополнет со уште три одбрани на вториот голман. 
Шампионскиот пехар го крена Иван Карачиќ, а за екипата на Макаби игра и уште едно овде многу познато лице - Павел Атман. 

Градимир Чаневски им се приклучи на Сара Ристовска, Никола Митревски, Никола Костески, Сања Дабевска, Александра Боризовска, Арлинда Динарица, Дарио Петровски, Филип Лазаров и Влатко Митков. Македонски интернационалци кои сезонава станаа шампиони со своите клубови.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk