Преку Струга и Вардар се скрасија во Шведска

Двајца црногорски ракометари кои играа за македонските клубови Струга и Вардар, следната сезона заедно ќе играат во Шведска. 
Голманот Никола Матовиќ кому Струга му беше отскочната даска кон Европа, потпиша продолжување на договорот со шведскиот тим АМО. Тој таму замина од македонскиот тим, имаше пех со повреда заработена на Европското првенство во 2022, но се рехабилитираше и останува во шведскиот клуб. 

Нема да биде единствениот Црногорец таму, друштво ќе има во екс играчот на Вардар, Васко Шеваљевиќ. Тој за Вардар играше во 2021, а потоа смени три клуба. Саран од Франција, Хапоел Лезион од Израел и заврши во Редбергслисд. Оваа легендарна екипа испадна во понизок ранг, а Шеваљевиќ се сели во АМО. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk