Каспер Кисум продолжува со Е. Пелистер

Е. Пелистер денеска имаше со што да се пофали. Битолчани објавија дека потпишале нов договор со данскиот бек Каспер Кисум. Данецот беше еден од главните ракометари на Е. Пелистер во сезоната во која битолчани по речиси две децении ја освоија шампионската титула.
 

Ни причинува особено задоволство што уште еден член на шампионската генерација на РК Еурофарм Пелистер се одлучи за го продолжи своето спортско патување со нас. Данскиот интернационалец Каспер Кисум го продолжи договорот со нашиот клуб за уште една сезона, што е јасен показател за задоволство и хармонија по само неколку месеци во Македонија.
30-годишниот Кисум на почетокот од годината пристигна во Битола и даде голем придонес во пролетниот дел на сезоната., посебно во натпреварите од плеј-офот на Суперлигата. Поранешниот ракометар на Сондејиске мина низ многу етапи во кариерата, играше и за Хановер Фленсбург во Бундеслигата и Тулуз во француското првенство, а сега ќе продолжи да тресе мрежи во Македонија.
Кисум треба да биде додадена вредност на нашиот пат во Лигата на шампионите. Со нетрпение го очекуваме на почетокот на подготовките на 19 јули.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk