Португалец доаѓа во редовите на Вардар

Португалскиот лев бек Нилтон Мело (19) следните две години ќе биде ракометар на Вардар, објави денеска португалскиот весник О Жого. 
Нилтон Мело е ракометар кој од Спортинг беше испратен на позајмица во Викторија. По ова сезона стана слободен играч. 
„Точно е, ќе бидам играч на Вардар“, изјави Нилтон Мело за „О Жого“. Станав слободен играч и барав проект за мене. Имаше заинтересираност од шпански екипи, но тука се појави и Вардар. Бев изненаден, клуб со таква традиција да се интересира и се решив за таа опција“, изјави Мело за португалскиот весник, додавајќи дека играњето во СЕХА (?), националниот шампионат и Европските купови исто така биле фактор за да се определи за Вардар. 

За каков играч се работи? Нилтон Мело има 19 години висок е 197 см. Игра на позиција лев бек. 
Се надеваме дека е вонсериски дефанзивец, затоа што голгетер според статистиката сигурно не е.
Минатава сезона на 24 натпревари во дресот на Викторија постигнал само четири гола или 0.17 гола по натпревар. Вкупно сметајќи ги настапите во Купот, на У20 ЕП и други турнири... Има одиграно 44 натпревари и постигнато 13 гола или 0.3 гола по натпревар. 
Но, Португалија има висок рејтинг во младинските категории, а Мело е младински репрезентативец, па веруваме дека во Скопје ќе дојде квалитетен играч. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk