Четири збогум и еден нов договор во Кил

Вечер полна со емоции беше последниот настап на Кил во Бундеслигата на домашен терен. Гости беа Вецлар со Филип Миркуловски на клупата, а мечот последен пред домашна публика за четири ракометари на „зебрите“. 

Салата се крена на нозе кога официјалниот спикер објави дека е постинат нов договор и дека Харалд Рајнкинд останува во клубот до 2027 година. 
Амбиентот брзо се промени кога на ред дојдоа позравите за разделба. 

Никлас Ландин, Сандер Сагосен, Миха Зарабец и помалку познатиот Јаник Фрац се поздравија со преполната „Вундерино Арена“. 
Никлас Ландин продолжува во Алборг, Сандер Сагосен во норвешкиот Колстад, Миха Зарабец оди во Висла Плоцк. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk