Веспрем и Алборг го возвратија ударот

Веспрем и Алборг се вратија од негативата од 0-1 на дуелите со ПИК Сегед и ГОГ и на решавачките мајсторки ќе ги добиеме новите шампиони на Данска и Унгарија, иако, веруваме, дека сите четири екипи кои регуларно кои со вајлд карта ќе добијат место во Лигата на шампионите.

По домашниот пораз 30-31, Алборг славеше на гости 34-29 и закажа трет натпревар. 

Вечерва во Веспрем, домашниот тим со 34-27 го совлада ривалот ПИК Сегед. Резултат превисок ако земеме предвид дека беше израмнето во период од 40-тина минути.
Творец на пресврт и јунак на Веспрем е голманот Владимир Цупара. Српскиот интернационалец при резултат 21-19 успеа навреме да се врати и да запре шут на празен гол. Веднаш потоа имаше и одбрана и на тој начин ја расипа резултатската нишалка, а Веспрем стигна до водство од 24-19. Тоа беше импулс, момент кога се прекрши натпреварот и оттогаш домашниот тим доминираше.
Во екипа полна со звучни имиња, најдобар беше најнезвучниот - десниот бек Зоран Илиќ. Меч на кариерата играше Илиќ вечерва во Веспрем арена. Погодуваше од влез, од дистанца, од целелин. Што и да сакаше да направи, му одеше од рака.
Конечно 34-27 и трет последен меч за шампионска титула, ќе се игра во Сегед.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk