Главоболки за Раул и Талант пред Ф4 Келн

Пари Сен Жермен со Раул и Келце со Талант Душебаев на чело на колоната ќе се судрат во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Келн. 

Во пресрет на најважниот ракометен викенд во годината, двајцата тренери имаат проблеми со повредени играчи за кои не се знае дали во следните 10-12 дена ќе успеат да се рехабилитираат.

Елохим Пранди заработи фрактура матакарпална коска на нешутерската рака на дуелот со Нант и сега се трка со времето, прогнозите не се многу оптимистички. 
Во отсуство на Никола Карабатиќ, неиграњето на Пранди во го довело на терен Петар Ненадиќ. 

Талант Душебаев загуби двајца играчи на финалето на полскиот Куп. Пикеро Артјом Каралек и бекот Михал Олејничак пријавија слични повреди, повреди на зглоб на ногата и нивниот настап во Келн е доведен во прашање. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk