Сара Ристовска со шампионски пехар

Сара Ристовска со својата екипа ЦСКА Москва е победник на шампионатот на Русија. Во финалната серија, екипата на ЦСКА со 2-1 ја совлада екипата на Ростов Дон и го симна од шампионскиот трон. 
Ова е втора шампионска титула за ЦСКА, по сезоната 2020-21. Годинава, тие имаат тројна круна, го освоија Купот и Супер Купот на Русија. 

Сара Ристовска така им се приклучи на Никола Митревски, Никола Костески, Сања Дабевска, Александра Боризовска, Арлинда Динарица, Дарио Петровски, Филип Лазаров и Влатко Митков. Македонски интернационалци кои сезонава станаа шампиони со своите клубови.
Сезоната не е секаде завршена, можеби ќе имаме уште некој интернационалец со шампионски пехар.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk