Вајперс е пак европски шампион!

ВАЈЛЕРС КРИСТИЈАНСАНД - ФТЦ ФЕРЕНЦВАРОШ   28-25 (14-13)

Норвешкиот Вајперс Кристијансанд е старо-нов шампион на Европа. Денеска во финалето на Лигата на шампионите, Вајперс го совлада ФТЦ Ференцварошт (28-25) и остана на врвот на табелата. 

Норвешкиот клуб предводен од вонсериската Ана Вјахирева доминираше во финалето. Уште од почетокот на мечот Норвежанките стигнаа до водство од 5-1 што потоа беше недостижно.
Габор Елек многу рано уште во 12 минута мораше во игра да ги внесе ветераните Лекиќ и Цвијиќ во надеж дека ќе успее да изведе пресврт како во полуфиналето, но успеа да стигне само до минус еден на полувреме.

Во вториот дел, одново на стартот Вајперс доминираше. Најдобриот дефанзивец на ФТЦ, Сузана Томори доби директен црвен картон поради старт на лице над Вјахирева, се разигра Јамина Робертс, почна да брани и Лунде и кога сѐ функционира во тим каков што е Кристијансанд победникот е решен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk