Финале на ЛШ, каде да гледате?

Европа денеска ќе го добие новиот шампион во женска конкуренција. Денеска се играат дуелите за трето место и големото финале на Фајналфор турнирот во Будимпешта.
ТВ преноси ќе има на Арена Спорт ТВ. 
Но...
Преносот на финалето на Лигата на шампионите, дуелот меѓу ФТЦ и Кристијансанд е предвиден да се емитува на каналот ТВ Арена Спорт 6 со почеток од 18:00 часот.

Тој канал, воглавно го нема во Македонија. 

Дуелот за третото место меѓу Есбјерг и Ѓер со почеток од 15:15 часот ќе се емитува на каналот Арена Спорт 1. 

Денеска на Арена каналите ќе има и два меча од Бундеслигата. Од 14 часот почнува мечот Бергишер - Кил, а од 16:00 часот е дуелот Гепинген - Фуксе Берлин. 
Двата натпревари ќе се емитуваат на каналот Арена Спорт 3 Премиум. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk