Сабате останува тренер на Висла

Шпанскиот тренер на Висла Плоцк, Хавиер Сабате, во најголемиот дел од сезоната гледаше кон излезната врата на клубот. Слабите резултати во првиот дел од сезоната го донесоа до момент, секој нареден натпревар да биде „да се смени тренерот или не“. 

Но, му се отворија убаво картите во вториот дел од сезоната. Работите во ЛШ тргнаа на добро, Висла од речиси елиминирана во групата стигна до чекор до Келн, а во домашното првенство е морален победник, иако не е шампион, додека во Купот го одбрани пехарот. 

Ваквиот развој на настаните беше сосема добра препорака и тој го продолжи договорот со клубот до јуни 2026 година.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk