Висла сервираше реванш на Келце

Исклучително интересна беше трката за пехарите во шампионатот на Полска. Пехарите беа поеделни, шампионскиот за Келце, пехарот од Купот за Висла, откако вчера, во финалето, славеа победа над лутиот ривал со резултат 30-25. 

Увертирата за овој меч беше налик на балканските пресметки. По дуелот за титула, на кој за волја на вистинската при постигнување на решавачкиот гол Алекс Душебаев направи јасно видливи чекори, следеа  - соопштенија. 
Висла, иако официјално не приложи жалбам објави две соопштенија, поткрепени со видео материјали на кои избориле 34 грешки во нивна штета, наспроти шест на штета на Келце, крунисано со чекорите на Душебаев. 

Потоа следеше одговорот на Келце, па медиумски и стручни анализи за тензијата да порасне до небо пред финалето на Купот. На теренот и сега беше жустро, со тоа што мораме да имаме на ум дека Келце го чека и Фајналфор во Келн, за Висла беше - all in. 
Во самиот финиш, Висла влезе во добра серија и стигна до конечните плус пет и Висла ја одбрани титулата победник на Куп на Полска. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk