Норвежанките преку Ѓер до финале

ЃЕР - ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАНД  35-37 (18-23)
Стине Офтедал 11, Грос 9 - Робертс 8, Јержабкова 7, Вјахирева 5

Норвешкиот првак Вајпер Кристијансанд е првиот финалист на Ф4 2023. Во првото одиграно полуфинале, Вајперс доминираше над условно кажано домашниот Ѓер цели 55 минути. Имаа водство од четири до седум гола разлика во текот на најголемиот дел од натпреварот, заклучно со 36-32 на помалку од пет минути до крајот. 
Ана Вјахирева не само што достојно ја замени Нора Морк, туку ии многу поопасни се „отровниците“ со Русинката на десен бек која планира, креира, асистира, реализира. 
Во финишот Вјахирева направи неколку грешки по кои Ѓер намали на 35-36, но токму и Русинката стави точка на натпреварот со гол за 37-35 и пласман во финалето. 
На спротивната страна симултанка играше Стине Бредал Офтедал, постина 11 гола, но тоа не беше доволно да се запре норвешкиот колектив. 

Попладнево играат ФТЦ и Есбјерг, а победникот утре во финалето ќе игра против Кристијансанд за шампионска титула.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk