Три вардарки во пензија, Чане на чекор до титула...

Екипата на Макаби Ле Зион за која настапува македонскиот голман Градимир Чаневски ја пропушти првата меч топка да стане првак на Израел. Макаби го претрпе првиот пораз во финалната серија од Хапоел Ашдод (33-35) и во моментов резултатот во серијата е 2-1 за Макаби.

Снори Стеин Гудјоносон, тренерот на Валур, е назначен за нов селектор на Исланд. Тој доаѓа на местото на Гудмундур Гудмундсон. 
Единствената дилема е дали на новиот селктор да му се дозволи да работи како тренер во странство, на Исланд сигурно нема да има две работи. Неофицијално, Снори има понуда од данскиот ГОГ. 

Три поранешни ракометарки на ЖРК Вардар објавија крај на кариерата. Тоа се десниот бек Александра Лакрабер, левото крило Сираба Дембеле и голманот Маиса Пешоа. 

Поради повреда предвреме ја заврши сезоната аргентинскиот ас Диего Симонет. Тој е ракометар на францускиот Монпеље. 

Француската федерација ќе треба да му плати околу 180.000 евра на својот поранешен селектор Алан Порте. Тој во 2016 година беше сменет, потоа ја тужеше федерацијата за неисполнети делови од договорот. Пресудата стигна и е на негова страна. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk