Охрид се пофали со новите играчи

Охрид е сериозен клуб во кој многу се инвестира и кој секоја година изгледа сѐ поинтересно. 
По ланскиот тренд на ангажман на странски ракометари, сезонава се пофали и со квартет на македонски играчи. 
Редовите на Охрид следната сезона ќе ги засилат крилата Никола Стоилевски и Гоце Ојлески, голманот Даниел Ѓорѓески и дефанзивецот Милорад Кукоски. 

„Среќен сум што се враќам назад во Македонија и посебна чест ми е што ќе бидам дел од ваков одличен проект и тим како што е Охрид. Охрид е сериозна екипа со големи амбиции, а јас се надевам дека оваа сезона ќе ги исполниме сите цели и сите заедно ќе се радуваме на многу победи." - изјави Даниел Ѓорѓески.

Потврдено е доаѓањето на Хрватот Сафранко и на Грузиецот Орјоникидѕе. 

Од екипата заминаа: Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадѕе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Казеин Рустамов

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk