Миркуловски и Кузмановски обезбедија опстанок во Бундеслигата

Единствениот бундеслигашки тим во кој во моментов има Македонци, клубот Вецлар, математички обезбеди опстанок во најсилната лига на светот. 
Екипата на Магдебург ги расчисти сите дилеми во битката за опстанок, откако го совлада тимот на Минден, 44-30. Со овој пораз Минден  кој е во зоната на испаѓање остана во минус од пет гола во однос на Вецлар, а до крајот има само уште две кола и математички не може да го достигне Вецлар. 

Вецлар има сезона за заборав. Екипата долго време беше во опасната зона, двапати менуваше тренер, а резултатски најдобрите моменти клубот ги имаше кога на клупата беше македонскиот интернационалец Филип Миркуловски.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk