На Микел Хансен и Ландин им се смешка Европска Лига место ЛШ

Алборг е екипа составена од најголемите скандинавски ѕвезди и со право го носи епитетот дрим тим. Но, овој дански проект во кој следната сезона заедно ќе играат Микел Хансен и Никлас Ландин и уште неколку врвни ракометни имиња, можеби нема да игра во Лигата на шампионите, туку ќе го гледаме во Европската лига. 
Можеби и на дуел со Алкалоид или евентуално Вардар. 

Во Данска стартуваше финалната битка во плејоф во која се соочија Алборг и ГОГ и на првиот меч што се играше во Алборг, победија гостите од Гудме (31-30).
Се игра во два добиени натпревари, а на следниот меч што ќе се игра на 4 јуни, домаќин ќе биде ГОГ. Ако победи домашниот, Микел Хансен, Никлас Ландин и ѕвезденото друштво ќе ги чекаме во ждрепка и на дуел со Алкалоид или Вардар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk