АЕК првак, Мандалиниќ освои пехар

Екипата на АЕК, тим што минатото лето го гледавме на турнирот во Струга, е новиот шампион на Грција. Во финалната плејоф серија, АЕК со 3-2 го совлада тимот на Олимпијакос и обезбеди директен пласман во групната фаза на Европската лига со што стана потенцијален противник на Алкалоид, условно и на Вардар. 

На решавачкиот меч АЕК славеше со резултат 29-22. Најефикасен беше поранешниот играч на Е. Пелистер  - Стипе Мандалиниќ кој постигна пет гола, а изнуди и директен црвен картон за шпанскиот колос Анхел Монторо, за директен удар во лице. 
И во редовите на Олимпијакос има двајца ракометари од поранешните состави на битолчани. Тоа се Владислав Остроушко и Елмир Граџан. На последниот меч и двајцата имаа скромно остварување од по еден постигнат гол. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk