Пионерите на Алкалоид на гости кај ПИК Сегед

Слично како минатата сезона кога испрати млада екипа на турнирот во Франција, сезонава Алкалоид одново испраќа млад тим да собере искуство и да се проба против звучни европски имиња. 

Пионерската екипа на РК Алкалоид, тим составен од играчи родени по 1 јануари 2008, ќе учествува на турнирот на Ракометната академија на ПИК Сегед што ќе се одржи во период од 1 јуни до 4 јуни. На овој турнир ќе учествуваат шест екипи од пет држави, а тоа се:
ОТП Банк ПИК Сегед (Унгарија), РК Алкалоид (Македонија), РК ППД Загреб (Хрватска), РК Војводина (Србија), МРК Крка (Словенија) и Ференцварош ТЦ од Унгарија.

Екипите се поделени во две групи, а РК Алкалоид е во група со екипите на ППД Загреб и ОТП Банк ПИК Сегед со кои ќе игра на 2 јуни.
На 3 јуни ќе се играат полуфиналните натпревари, а на последниот ден финалето и натпреварите за пласман.

Младите играчи од овој турнир, на вториот ден ќе бидат предигра за натпреварот од финалето на унгарскиот шампионат на кој во битка за титула се среќаваат учесниците во Лигата на шампионите, ПИК Сегед и Веспрем.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
1.6.2023
14:00 РК ППД Загреб – Пик Сегед
16:00 Ференцварош ТЦ – РК Војводина
02.06.2023
09:30: РК Алкалоид – Пик Сегед
11:30: МРК КРКА – Ференцварош ТЦ
13:00: Свечено отворање
14:00: РК Алкалоид – РК ППД Загреб
16:00: МРК Крка – РК Војводина
18:30: Пик Сегед – Веспрем финале на унгарскиот шампионат
03.06.2023.
12:00: A1 – B2 Полуфинале
14:00: B1 – A2 Полуфинале
16:00: A3 – B3 / Меч за 5 место (прв натпревар)
04.06.2023.
11:00: A3 – B3 Меч за 5 место (втор натпревар)
13:00: Меч за 3 место
15:00: Финале
16:30: Прогласување на најдобрите

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk