Кадењас под докторски надзор, Кил доби „корпа“, Талевски оди во Германија...

Македонскиот ракометар Јован Талевски, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Локомотива Пирна, екипа што се натпреварува во германската Оберлига (Четврта лига). 


Јован Талевски

Екипата на Прилеп, доведе нов играч во својот тим. Пикерот на новиот прволигаш Радовиш, Томче Трајчевски следната сезона ќе игра во составот на Реваз Чантурија. 

Несуденото засилување за Вардар, десниот бек Нејц Цехте заминува од редовите на данскиот тим ГОГ на крајот на сезонава. Словенецот се споменува во шпекулации за можен трансфер во македонски тим и за наредната сезона. 

Данскиот тим ГОГ годинава ги продаде во Флензбург тренерот Николеј Крикау, потоа Симон Питлик и Лукас Јоргенсен. Но, данскиот клуб реши тука да стави точка на пазарењето и ја одби понудата на Кил за ангажман на десниот бек Емил Мадсен, моментно најдобриот стрелец во Лигата на шампионите. 

Поранешниот ракометар на Металург, Хрватот Лука Мраковчиќ (2015/16) потпиша продолжување на договорот со германскиотк клуб Либек каде што дојде во 2021. 

Легендарниот шпански тренер Маноло Кадењас, на 68 годишна возраст би можел дефинитивно да му каже збогум на тренерското столче. Кадењас чека резултати од медицински тестови кои ќе покажат дали и натаму е здравствено способен да работи. 

Маноло Кадењас

Поранешниот ракометар на Струга, Грузиецот Георги Дикаминџија следната сезона ќе настапува во шампионатот на Чешка, во екипата на Ловосице. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk