Петриќ на местото на Талески во Вардар

Вардар го официјализираше трансферот на еден од најперспективните српски ракометари, Стефан Петриќ. Овој 22 годишен лев бек во Вардар доаѓа од редовите на Партизан каде во воспоставениот систем на црно-белите имаше одлични партии, но не успеа да ја симне од тронот Војводина која, сепак, има и поскап и поискусен состав. 

Стефан Петриќ оди по стапките на неговиот татко, Владимир Петриќ кој беше играч на Вардар од 2011 до 2015 година. Беше учесник и репрезентативец на Србија и на кадетското СП што во 2019 се одржа во Скопје. 

Ова е еден од одамна најавените трансфери, но на Вардар многу му се потребни уште нови имиња. Петриќ би требало да биде замената за Филип Талески кој замина за португалската Бенфика.