Два рекорда на Ристовска во ЦСКА

Македонската интернационалка Сара Ристовска се запиша во клупската историја на екипата на руската екипа ЦСКА Москва. Македонската репрезентативка сега е сопственик на два клупски рекорда. 

Сара Ристовска со петте погодоци на последниот меч на ЦСКА стигна до бројката од 475 гола и сега е најдобриот стрелец во клупската историја минувајќи ја Антонина Скоробогаченко која има 473 постигнати погодоци.

Сара Ристовска со ова го надополни рекордот и на ракометарка со најмногу настапи за клубот, сега има вкупно 152 настапи за ЦСКА. Втора на оваа листа е Екатерина Иљина со 136 меча за рускиот првак. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk