Алкалоид сезонава направи голем чекор напред и го освои второто место во шампионатот што е скапонцена инвестиција за следната сезона затоа што му се обезбедени најмалку шест натпревари во Европската лига, шанса за екипата освен на домашна сцена да се кали и на европските терени.
Крајот на повеќе од успешната сезона во РК Алкалоид беше одбележан со ревијален меч на кој учениците ги предизвикаа учителите.
Ракометарите на актуелниот вицешампион на Македонија излеггоа на дуел против целиот стручен тим, па така имаше специфичен момент, во иста екипа одново да заиграат двете најголеми ракометни легенди кај нас - Кирил Лазаров и Пепи Манасков.
Победник во регуларниот дел немаше, мечот заврши 17-17, па се шутираа и седмерци.