Кадетките и јуниорките добија селектори

Ракометната федерација на Македонија денеска назначи селектори на женската јуниорска и кадетска репрезентација. 
Федерацијата извести дека ги поставува Јулијана Дамчевска и Кристијан Грчевски за одговорни за младите женски репрезентации. 
 

Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на тренер/селектор Јулијана Дамчевска одговорна за јуниорска национална селекција (W19) и тренер/селектор Кристијан Грчевски одговорен за кадетската национална селекција (W17). 
Се закажува собир за пред – селекција на ден 04.06.2023 г.(недела), со почеток во 11 часот во Спортска Сала „Автокоманда“ за ракометарки генерација 2006/2007 .
 

Јулијана Дамчевска веќе со години работи во женскиот ракомет, а има искуство и со водење на млади репрезентации и нејзиниот избор беше едно од најлогичните решенија. 
Кристијан Грчевски минативе години го водеше суперлигашот Бутел Скопје кој под негова команда имаше обезбедено и излез во Европа.
Летово, Грчевски и Бутел Скопје решија да тргнат секој по својот пат, а Грчевски првиот нов предизвик ќе го има на клупата на кадетската репрезентација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk