Од денеска билети за ЕП Германија 2023

ЕХФ објави дека денеска продолжува продажбата на билети за Европското првенство што во јануари ќе се игра во Германија, а на кое ќе настапи и репрезентцијата на Македонија. 

Македонија својот прв натпревар ќе го игра во Дизелдорф, на фудбалски стадион на кој би требало да биде поставен нов рекорд на посетеност на ракометен меч од +50.000 гледачи.
Органанизаторот објави дека се останати уште 10.000 билети за овој настан, а цените за билет во зависност од категоријата се следниве: 25, 35, 55, 75, 99, 129 евра и ВИП влезница од 450 евра.
Можни се и попусти што можат да се најдат на нивниот веб сајт. 

Во продажба ќе бидат дневни и блок - билети за дуелите од второто и третото коло што ќе се играат во Мерцедес Бенц Арена во Берлин. 

ЛИНК до веб страната за продажба на билети

Ако сакате ВИП билет, што подразбира место во ресторан со поглед, мала селекција на топли и ладни јадења, безалкохолни и алкохлони пијалоци и влез 1.5 час пред натпревар, задоволството ќе ве чини 725 евра. 

За категориите 3,4,5 постојат и одредени попусти како на пример за ученици, студенти, возрасни и слично, а попуст од околу 20 евра за билет има и ако се купат најмалку три билети од блок билетите за двата дена. 


Цените на блок и дневен билет за натпреварите во Берлин. Македонија игра во групата А.  

 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk