Шампионски пехари за Голден Арт и Стружанка

Македонија ги доби и двата последни шампиони за тековната сезона. Викендов зад нас, се играа Фајналфор турнирите во машка младинска и женска кадетска конкуренција. 

И двата турнири стана дел од промоцијата на ракометот на југо-истокот од земјава. Девојките играа во Делчево, момците се пехар се бореа во Богданци.

Победник во машка конкуренција е екипата на Голден Арт. Тие во финалето на Ф4 го совладаа тимот на Бутел Скопје со резултат 31-27, а во полуфиналето беа подобри и од екипата на Т. Пролет. Третото место го освои домашната екипа Младост Богданци. 
Голден Арт годинава може да се пофали со убаво достигнување. Сите нивни млади екипи беа дел од Фајналфор турнирите. 

Голман – Благој Панов (Младост Богданци)
лево крило – Дамјан Субашевски (Бутел Скопје)
лев бек – Антонио Николоски (Младост Богданци)
среден бек – Немања Џигероски (Голден Арт)
десен бек – Кристијан Стаменковиќ (Голден Арт)
десно крило – Дамјан Георгиев (Пролет)
пивот – Илија Чрчев (Младост Богданци)
 

Победник во женска кадетска конкуренција, пак, е Стружанка, екипа што доаѓа од градот што традционално одлично работи во младинските категории. Сега имаат комплетна доминација во кадетската категорија, затоа што ова е нивниот трет шампионски трофеј по ред. 
Годинешниот „Ф4“ е играше во еден ден, а Стружанка прво го совлада домашниот Делчево, а потоа во финалето играше со екипата на Ѓ. Петров и запиша победа од 28-24. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk