Ивица Обрван ќе води женски клуб

Поранешниот селектор на машката репрезентација на Македонија, хрватскиот стручњак Ивица Обрван, следната сезона ќе води женска екипа, тврдат хрватските медиуми.
Ивица Обрван ќе биде новиот тренер на најуспешниот хрватски женски колектив и некогаш моќна сила во европскиот ракомет - Подравка Копривница.

Подравка сезонава е вицепрвак на Хрватска. Го освоија Купот, но уште одамна ја загубија шампионската трка со Локомотива. Овде би додале само дека победникот и не падна во транс дека е шампион, туку паралелно со титулата пресметуваше и колку пари неповратно ќе загуби со играњето во ЛШ во која нема (големи) амбиции. Патем и тренерот Ненад Шоштариќ најави оставка затоа што „нема сила по осми пат да склопува екипа одново“.

Ивица Обрван во Подравка би требало да е завршена работа, се чека официјално од клубот да потврдат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk