Поканиле погрешен тим во Лигата на шампионите

Урнебесна ситуација се случила во романскиот ракомет, кога на адресата на екипата на Таргу во женска конкуренција пристигнала покана од федерацијата нивниот клуб да се пријави за учество во Лигата на шампионите. 
Клубот веднаш ги вклучил сите аларми и ја стартувал машинеријата, побарани се пари од градските власти, почнале планови за трансфери и купување играчи за ЛШ итн. 

Оваа екипа е на 10 место во Националната лига, но беше финалист на Купот на Романија. Радоста на Таргу траеше кратко. Администрацијата во романската федерација, направила превид и на име на одамна избришан член во пропозициите, сметала дека финалистот од Купот обезбедува место во Лигата на шампионите, па ја поканиле екипата на Таргу. 

Грешката е откриена два дена подоцна, а поканата за ЛШ оди кај третопласираниот тим - Глорија Бистрица. Екипата на Таргу ќе мора да се задоволи со пријава за Европската лига. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk