Драган Начевски „ослободен“ од должностите во ЕХФ

Европската ракометна федерација денеска објави службено соопштение во кое вели дека Драган Начевски е ослободен од своите обврски и должности како член за судење во Натпреварувачката комисија. 

Драган Начевски е ослободен по пријава во ЕХФ од страна на данската ТВ2 која го поврзува со наводно местење на натпревари. 

Имено, ТВ2 го информирала ЕХФ дека има има видео материјали од јануари 2020 и состанок на Драган Начевски со извесен бизнисмен, (актер ангажиран од данската ТВ2) за приклучување на кинески тим во СЕХА. Наводно на тој состанок била допрена и темата за местење на натпревари.

Данската ТВ2 вели дека на овој состанок Драган Начевски во неколку наврати одбил понуда да учествува во местење на натпревари, но како и да е, не се дистанцирал комплетно од ситуацијата и на тој начин испратил погрешни сигнали.

Драган Начевски писмено демантирал дека учествувал во какви било местења на натпревари.

За да го заштити интегритетот на институцијата и спортот, ЕХФ донел одлука да го ослободи Драган Начевски од обврските во Натпреварувачката и во Судиската комисија до следната одлука.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk