Пораз на пенали, пропуштена шанса за прва победа

Репрезентацијата на Македонија успеа да освои еден сет (15-12) и да изнуди играње на пенали против тимот на Италија на Европското првенство во ракомет на плажа, но за жал не успеа и да победи. 
Во шут-аут продолжението на мечот Италија победи 6-4 и запиша победа од 2-1 во сетови. 

Македонија играше меч и со Романија и на оваа средба исто така беше блиску до шут-аут, но сетот го загуби минимално 14-15 за вкупен резултат од 0-2. 

Следниот меч на Македонија е од 14:00 часот и ќе игра со фаворитот во плејаут групата, репрезентацијата на Унгарија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk