Кил го краде Перез де Варгас од Барса!

Никлас Ландин заминува од Кил летово, за германскиот клуб многу добро знае што значи да се има врвен голман во екипата и почна активна потрага по негова замена. 
Да се замени Ландин е речиси невозможна работа, имајќи предвид колку голмани во ракометниот свет се на неговото ниво. Во прв момент Французинот Винсен Жерар ќе биде опцијата, но Кил е решен да го има најдобриот што се може во своите редови. 

Шпанските медиуми пишуваат дека Кил веќе преговара со Гонзало Перез де Варгас, голманот на Барса. Проблем е што Варгас има договор со Барса до 2025, но за Кил тоа очигледно не е проблем, спремни се да потпишат со него и потоа ќе се отворат две опции. 
Или ќе чекаат да му истече договорот или ќе се обидат да го откупат колку што може порано од Барса. 

Гонзало Перез е од Толедо, а неговиот прв професионален клуб е Барса. Таму дојде во 2009, а од 2011 до 2013 беше позјамен на Гранољерс и на Тулуз. Потоа се врати во Барселона и особено во последните сезони стана еден од Топ 3 голмани во светот и на најважните натпревари на Барса и на репрезентацијата на Шпанија игра клучна улога. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk