Заврши трката: Аеродром е нов суперлигаш!

Стигна наградата за макотрпната работа во скопскиот клуб Аеродром. Вечерва, избраниците на Дарко Петровски го совладаа како гости тимот на Македонија Ѓ. Петров и изградија недостижна разлика пред ривалот за второто место на табелата. Аеродром и Мулти Есенс се официјално двете екипи кои следната сезона ќе играат во Суперлигата со изборен директен пласман преку прволигашката конкуренција. 

Аеродром, денеска, на мечот што имаше славенички ноти победи без резултатски неизвесности, 36-23 беше против екипата на Македонија Ѓ. Петров и ја заврши сезоната со 41 бод, во моментов четири повеќе од екипата на Драчево и натпревар повеќе од нив. Тоа нема да смени ништо, Драчево во последното коло му гостува на Мулти Есенс, но нема да има резултатско значење таа средба. Драчево е екипата што ќе се бори за влез во Суперлигата преку бараж. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk