Женската репрезентација на Македонија денеска го загуби дуелот со домашната селекција на Португалија на Еп во ракомет на плажа.
Македонскиот тим беше поразен со 0-2 (12-20, 14-17) и остана на последното место во групата, па ќе разигрува за пласман од 9-16 место.
Последниот одигран сет беше најдобриот за Македонија и резултатски можеше да стигнеме и до пенали односно шут аут.
Македонија во овој сет водеше постојано, имаше предност и од 10-6 и 14-10, но последните седум поени ги постинаа домашните и го добија и сетот и мечот.
foto:
beachhandballrfm