Генерацијата 2008 на собир во „Автокоманда“

Автокоманда ќе „врие“ во недела наутро. Околу 100 ракометари од генерацијата 2008 и помлади се повикани на репрезентативен собир, на кој ќе можат да ги покажат своите квалитети ќе ја почнат битката за репрезентативен дрес. 
Собирот ќе го води селекторот на сениорската репрезентација Кирил Лазаров, а со него ќе биде комплетниот стручен тим на репрезентацијата. 

Ова ќе биде прв филтер во оваа возрасна категорија, дополнително, наскоро, ќе биде одреден селектор и стручен тим кој ќе соработува со селекторот на најсилниот репрезентативен состав. 
Во рамките на ЕХФ нема соодветно натпреварување за оваа возрасна категорија, но нашите ракометари се вклучени во систем на натпреварување, пионерски шампионат и ќе имаат најмалку четири домашни првенства зад себе додека да дојдат до официјалната возрасна натпреварувачка категорија во ЕХФ, а тоа се кадети или У18. 

Ракометарите од генерацијата 2008 во недела ќе го направат својот прв репрезентативен чекор, шанса да (о)станат репрезентативци ќе имаат сите, од нив и нивните тренери ќе зависи најмногу како ќе ја трасираат својата (репрезентативна) кариера во иднина. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk