ПИК Сегед секој ден носи нов играч

Екипата на ПИК Сегед, унгарскиот првак кој е во активна игра за одбрана на титулата, безмалку секој ден објавува по еден нов играч за нивниот тим. 
Неделава дури четири трансфери објави унгарскиот тим, трансфери на играчи за следната сезона во која привремено ќе имаат тренерски тандем што ќе работи само една година пред да биде заменет со шведското дуо Микаел Апелгрин и Јонас Калман кој, пак, денеска објави ракометна пензија. 

Се чини дека и екипата што ја составува ПИК Сегед е за едногодишна употреба. Доаѓаат нови играчи, но според рејтингот не се тоа играчи со кои би рекле дека е посилен од оваа година. Но, тие си знаат најдобро. 

ПИК Сегед ги објави трансферите на Марин Јелиниќ, Глеб Калараш и Карлос Молина. Следниот кој потпиша е полското десно крило Симон Џалкевич кој играше во шведскиот тим Редбергслид кој годинава испадна од лигата. 

Денеска, Сегед објави уште две условно кажано нови имиња. Тоа се голманот Мартин Наѓ кој играше во Нека минатите три сезони и уште едно десно крило, Бенџамин Силаги кој исто како и Наѓ е повратник во Сегед, но по само една сезона мината во Нека, екипа што е на деветтото место во првенството. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk