Познати екипите за младинскиот „Ф4“

Екипата на Тинекс Пролет во младинска конкуренција им се приклучи на Бутел Скопје, Голден Арт и Младост 1977 како четврти учесник на Фајналфор турнирот во оваа возрасна категорија. 

Младинските ракометари на Т. Пролет успеаја да изведат голем пресврт и по минусот од пет гола во 47 минута (20-25), на дуелот со Мулти Есенс стигнаа до израмнување (27-27), а потоа во игра гол за гол успеаја и да победат со резултат 31-30. Мулти Есенс беше фаворит во ова натпреварување со оглед на тоа дека имаше најдобар скор од сите екипи и пред овој меч имаше само еден пораз во 14 одиграни натпревари. 

Бутел Скопје, Голден Арт и Младост 1977 ден-два порано го обезбедија пласманот, а веќе беше извршена и ждрепката за фајнал фор турнирот што треба да се одржи викендов. 

Полуфиналните парови се следните:
Бутел Скопје - Т. Пролет
Голден Арт - Младост 1977

Фајналфор турнирот ќе се одржи во Богданци, ќе се игра два дена, недела и понеделник (28/29 мај). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk