Црногорскиот пивот Бранко Канкараш, ракометар кој во 2020 еден краток период беше ракометар на скопски Металург, реши да ја прекине ракометната кариера.
Канкараш има 34 години и сигурно имаше пред себе уште играње, но има и други планови и реши да му каже збогум на ракометот. Кариерата ја заврши како играч на Металопластика, а од 2020 откако замина од Металург, играше уште и за Макаби Ришон Лезион и Ц. Звезда.