PLAY OF THE DAY: Никола Костески се украси со злато

Македонскиот интернационалец Никола Костески стана освојувач на двојната круна во првенството на Чешка. Тој со неговиот клуб Талент Плзењ успеа да изведе подвиг и од 0-2 во финалната серија против екипата на Карвина. Овие две екипи од 2017 постојано се среќаваат со финалето и наизменично го менуваат сопствеништвото на пехарот. 

Талент Плзењ  е поуспешен во оваа серија и успеа да го врати назад шампионскиот пехар. Нашиот интернационалец цела сезнона игра важна улога во оваа екипа, а на последниот меч од финалето постигна шест погодоци во победата од 30-25. 

Чешка, поради нискиот рејтинг на клубовите во Европа, нема место во Лигата на шампионите и во Европската лига, туку сите екипи се во ЕХФ Европскиот Куп.
Но, годинава ЕХФ воведува промена во квалификацискиот систем и Талент Плзењ ќе има право да бара настап во Европската лига, во која би играл мини квалификации со екипи со сличен ранкинг за влез во групната фаза. 

Поврзани вести